Тропската бура Хилари предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес. Најмалку 25.000 домови останаа без струја.
Американските медиуми јавуваат за бројни акции за спас на граѓаните.
SDFD firefighters and @SDLifeguards rescued 9 people from the riverbed in the area of the Morena Blv bridge. No injuries. Crews are still looking for more people who may need help. #riverrescue pic.twitter.com/32vWCXhqmt
— SDFD (@SDFD) August 21, 2023
Си-ен-ен пишува дека две лица се спасени од каналот на реката Санта Клара, додека девет лица се спасени од коритото на реката во близина на мостот во Сан Диего.
#RiverRescue; FFs are searching the Santa Clara River for potentially 3 people trapped in the river. 2 have been rescued by walking them out and 1 is unaccounted for, we will continue our search. @VCFD @VENTURASHERIFF @Venturaoes #VCFD pic.twitter.com/5MR9CxB9dK
— VCFD PIO (@VCFD_PIO) August 21, 2023
Најмалку девет рекорди за врнежи веќе се срушени низ Јужна Калифорнија, соопшти Националната метеоролошка служба.
Еден од нив е забележан во центарот на Лос Анџелес, каде е соборен претходниот рекорд од 1906 година.
Tropical Storm Hilary – Dodgers Stadium flooded 👀#Hilary #HurricaneHilary #California #Alert #Hurricane #PalmSprings #LosAngeles #LasVegas #SanDiego #earthquake #TropicalStorm #flooding
— Sprints.sc (@SprintsSc) August 21, 2023
Во Ланкастер имаше повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот месец август.
Рекордни врнежи беа забележани и на Окснард, Сандберг, аеродромот во Лос Анџелес, аеродромот Боб Хоуп, аеродромот Лонг Бич, аеродромот Палмдејл и аеродромот Санта Барбара.