Русија: Спречивме нов напад со дронови врз Москва

moskva-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречило напад на украинско беспилотно летало во регионот на Москва, а нема информации за жртви.


Обидот на Киев да изврши „напад со дрон е спречен“, објавија тие.

Беспилотното летало било „потиснато со помош на електронско војување“ и се урнало во областа Одинцово, се вели во соопштението на Министерството, во кое се додава дека нема жртви. Одинцово е југозападно од главниот град на Русија.

Во последниве недели, два напада со беспилотни летала беа одбиени над финансискиот кварт на Москва, при што секој предизвика помала штета на фасадите на високи згради. Во мај беа соборени дронови во близина на Кремљ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK