Американската тенисерка Коко Гоф го освои Мастерсот во Синсинати во женска конкуренција. Гоф во финалето ја совлада Чехинката Каролина Мухова со 2:0 (6:3, 6:4).
Седмата носителка на турнирот беше поагресивна и поконцентрирана во финалниот дуел и ги искористи шансите што ги доби.
На стартот кога поведе со 2:0, но го испушти својот сервис во следниот гем.
Но, до крајот на првиот сет уште два пати го одзеде сервисот на Чехинката и поведе со 6:3.
Во вториот сет тенисерите беа посигурни на сервис, освен во петтиот гем, најдолг на мечот, каде Гоф ја искористи втората брејк можност и го трасираше патот кон победата.
Во следниот гем таа го потврди брејкот, а потоа направи уште еден и сервираше за титулата. Таа имаше дури три меч топки, но Мухова успеа да остане во мечот со брејк.
Стигна 5:4, но повеќе од тоа не можеше да направи. Гоф успеа да ја искористи четвртата меч топка во следниот сервис гем и ја освои најголемата титула во кариерата.