Јувентус моќно влезе во новата сезона, Лече со блиц-криг му пресуди на Лацио

72121.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јувентус и Лече со победи влегоа во новата сезона. „Старата дама“ лесно славеше против Удинезе на „Дачија арена“, додека Лече со спектакуларен пресврт го совлада Лацио.

Душан Влаховиќ ја режираше победата на Јувентус кај Удинезе. Српскиот напаѓач најпвин му асиситираше на Федерико Кијеза во втората минута, а 20 минути подоцна реализираше пенал. Точка на натпреварот стави Рабио во третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Лацио, до 85.минута имаше предност на гостувањето кај Лече. Голот за екипата од италијанската престолнина го постигна Имобиле во 26.минута. Лече во финишот, во интервал од 120 секунди направи пресврт.

Алмквист погоди во 85. минута, а 120 секунди подоцна Ди Франческо го постави конечниот резултат.



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK