Шампионот на германската Бундес лига и најголемиот клуб во оваа земја, Баерн Минхен, продолжи да ги менува членовите на спортскиот сектор.
На крајот од минатата сезона од должноста беше разрешен Оливер Кан, кој ја извршуваше улогата на извршен директор, а денеска и официјално судбината на кан ја доживеа и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Информацијата за „Билд“, ја потврди Херберт Хајнер.
„Спогодбено го раскинавме договорот со Хасан Салихамиџиќ. Исто како и на крајот од сезоната во Келн и на шампионската прослава и овие разговори минаа мазно. Хасан постигна многу со Баерн и ги освои најголемите титули, како играч и како спортски директор. Тој секогаш ќе биде дел од Баерн“, рече Хајнер.
Договорот на Салихамиџиќ со Баерн истекуваше во летото 2026 година.
За време на мандатот на Салихамиџиќ како спортски директор, Баерн ја освои Лигата на шампионите во 2020 година и редовно освојуваше титули во Бундес лигата.