(Видео) Астон Вила го декласира Евертон

3214.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Астон Вила го декласира Евертон, во рамките на второто коло и малку се рехабилитираше од катастрофалниот од Њукасл на почетокот на сезоната. Астон Вила ги победи „карамелите“ со 4:0. Вила има победа и пораз и гол разлика 5:5, а Евертон го забележа вториот пораз и се уште нема постигнато гол.

Астон Вила доминираше и заслужено славеше против индиспонираниот Евертон. Како влегоа во новата сезона, извесно е дека „карамелите“ повторно грчевиот ќе се борат за опстанок.

Надмоќната игра во првиот дел Вила ја круниса со два гола, во 18. минута преку Мекгин и во 24. кога Далгалс Луиз реализираше пенал.

Во вториот дел дефанзивецот на Евертон Кин ги честеше домаќините два гола. Бејли постигна гол во 51., а Дуран во 74.минута по првиот контакт со топката.

Натпреварот го обележаа и повредите на Калверт-Луин и Ивоби од Евертон, односно Кутињо од Астон Вила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK