Кузеска: Мицкоски е против членството во ЕУ, исто како Груевски

thumbnail_03-08-2022-Кузеска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сега веќе е кристално јасно дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ. Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски, повтори на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.


Таа додаде дека цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО само за да го пљачкаат народот, а Мицкоски ја продолжи таа анти НАТО и анти ЕУ политика.

– Беше против членството на НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложната содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата. ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.Мицкоски сака земјава да биде повторно да ја држи во 11 годишна изолација, рече Кузеска.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK