Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола.
При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.