Полицијата објави фотографија од вејачот на знамето со т.н. „голема Албанија“

vejac-zname.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“ на Градскиот плоштад во Тетово на 11 август, кога земјата ја посети косовскиот премиер Албин Курти.


„Во врска со кривично – правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK