Били Ајлиш ги изненади фановите со дијамантски накит за заби

BILI-ZA-NASLOVNA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Били Ајлиш ги изненади своите фанови, покажувајќи го дијамантскиот накит вметнат во забите.


Пејачката (21), позната по низата тетоважи на своето тело, сподели фотографија на „Инстаграм“, на која прави гримаса и одблиску се гледа предниот заб обложен со дијаманти. Во описот на објавата напиша: „Ова не е тоа“.

Фановите коментираа: што по ѓаволите направи со своите заби?, изгледа глупо како ѓавол. Други застанаа во нејзина одбрана: „Може да прави што сака“.

Според медиумите, таа  е млада и сè уште сака да експериментира со својот изглед.

Тинејџерската сензација експресно брзо се искачи до врвот на музичката индустрија кога имаше 18 години. Таа е најмладата и единствената музичарка која досега во иста година има освоено „Греми“ статуетки во најважните категории: Најдобар млад изведувач, Песна на годината, Запис на годината и Албум на годината.

Били и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел се автори на насловната песна за за најновиот филм со Џејмс Бонд „Не е време за умирање“.

Били е најмладата музичарка во историјата која напишала песна за филм од серијалот 007. Пред неа, за насловната нумера беа ангажирани Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер и други познати пејачи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK