(Видео) Земјотрес со јачина од 6,3 степени во Колумбија, луѓето ги напуштија своите домови

bogota.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силен земјотрес го погоди денеска главниот град на Колумбија, Богота, со јачина од 6,3 степени според геолошкиот институт на САД, принудувајќи ги преплашените жители да ги евакуираат своите домови, канцеларии и ресторани.


Почетниот удар беше проследен со последователни потреси неколку минути подоцна кога луѓето се собраа на улиците. Колумбискиот Национален геолошки институт ја процени јачината на вториот земјотрес на 5,6 степени, додека следниот беше измерен на 4,8 степени.

„Беше силно и траеше долго. Животот се менува за секунда. Не можеш ништо, само трчаш да се спасиш”, вели сведок на земјотресот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK