Вториот обид на Индија да слета на Месечината постигна голем успех кога лендерот денеска успешно се одвои, објави Индиската организација за вселенско истражување.
Првиот обид во 2019 година не успеа, бидејќи лендерот падна на површината на земјениот сателит.
Модулот сега ќе продолжи да лета во орбитата на Месечината изведувајќи низа тестови, а слетувањето на Месечината е планирано за 23 или 24 август.
Мисијата Chandrayaan-3 почна во средината на јули и нејзината цел е да научи што повеќе за речиси неистражената јужна страна на Месечината.
Руската вселенска ракета Луна-25 вчера стигна во орбитата на Месечината и се очекува следната недела да слета. Нејзината цел е да најде вода на Месечината.