– Штрајкот на операторите на британскиот аеродром Гетвик во Лондон е откажан откако вработените добија „значително подобрена“ понуда за зголемување на платите, соопшти денеска синдикатот. Утре требаше да има штрајк на работниците на Red Handling на аеродромот во Лондон.
„Работниците кои се членови на Unite, водечкиот синдикат во Велика Британија, добија ревидирана понуда доцна синоќа и сега ќе гласаме за предложениот договор“, соопшти синдикатот.
Се истакнува дека ја прекинале акцијата во знак на добра волја.
Доколку операторите ја одбијат понудата, чии детали синдикатот не ги соопшти, нов штрајк ќе се одржи од 25 до 28 август.