Пензиите се зголемуваат според швајцарски модел, фондот не може да издржи линеарно покачување на пензиите, порача Ковачевски

kovacevski-penzioneri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензионерите добиле зголемување на пензиите откако станав пензионер, тврди премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека се направило системско решение врз основа на швајцарски модел. За пензиите, тој кажа дека ако има линеарно покачувањето тоа е зголемување ќе се одрази на буџетот на фондот и ќе не може да се исплати ниедна пензија.


„Во однос на пензиите морам да ве потсетам дека откако станав премиер, низ економско социјален дијалог, се дојде до ново решение за зголемување на пензиите. Ние за 1,5 година имаме 26% зголемување на пензиите. Ако минималната пензија била 9.000 денари, сега е 12.500 денари. Во септември ќе стане 13.000 денари. Ако просечната пензија беше 13.000 денари сега е 19.000 денари и ќе порасне. Се направи системско решение кое е врз основа на швајцарски модел кое овозможува двапати годишно зголемување на пензиите согласно растот на просечната плата и трошоците на живот“, кажа Ковачевски.

Објасни и како се исплаќаат пензии.

„Пензијата е право од работен однос. Не можете да израмните некој што плаќал 15 години стаж на минимална плата и некој што плаќал 30 години стаж на многу поголем износ и да кажете тоа е исто. Пензијата е резултат на годините стаж на секој поединец и упатите. Фондот за пензиско е фонд на осигурениците. Доколку има линеарно покачување тоа ќе значи дополнителен трошок од 220 милиони евра, кој нема да го издржи фондот. Тоа ќе значи дека и тие што 30 години уплаќале стаж, нема да можат да земат пензија“, додаде Ковачевски.

Премиерот кажа дека се работи на методологија за закон за минимална пензија.

„Пензионерите кои протестираат се политички мотивирани и со Сојузот на здруженија на пензионери. И Владата формираше тим кој ќе работи заедно со Сојузот и другите страни на изработка на закон за минимална пензија во рамки на процедурите и законите, во рамки на Уставот и во рамки на методологија“, додаде Ковачевски.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на платите за 3.500 денари и дополнително да се утврди минимална пензија од 18.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK