Власта и опозицијата со непроменети ставови во пресрет на седницата за уставни измени

ustav
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – На еден ден пред седницата во Собранието на кое единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Северна Македонија, власта и опозицијата остануваат на своите непроменети ставови. СДСМ очекува сите пратеници во Собранието, вклучително и опозициските, да покажат одговорност, да се приклучат на проевропскиот блок, и да дадат поддршка за уставните измени. ВМРО-ДМНЕ, пак, останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат нема да поддржат.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вчера од Гостивар порача дека избори, апсолутно не се излез ниту решение, единственото решение е да се пристапи кон уставни измени и тие да бидат поддржани од сите парламентарни партии.


Изборите не се решение. Единствено решение кое што е добро за вас, за нас, за сите граѓани, за цела наша држава, за цел наш регион е да пристапиме кон уставните измени и да ги поддржиме консе

– Не, апсолутно не се излез изборите. Изборите не се решение. Единствено решение коешто е добро за вас, за нас, за сите граѓани, за цела наша држава, за цел наш регион е да пристапиме кон уставните измени. Да ги поддржиме консензуално и СДСМ, и ДУИ, и Алијанса, и ВМРО-ДПМНЕ и сите други политички партии кои се дел од нашето Собрание, рече Груби во Гостивар, во изјава за медиуми на „Саемот за вработување“ во организација на конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој ги гради Коридорите 8 и 10д.

Тој посочи дека уставните се технички и не задираат воопшто во македонскиот идентитет, македонскиот јазик и дека од уставните измени, како што нагласи, нема да види никој ништо лошо.

– Гледате од текстот којшто беше усвоен од Владата и предложен во Собранието немаше апсолутно ниту една единствена критика ниту од академската, ниту од политичката јавност во нашата земја. Значи, целиот отпор во моментов е од дневно-политички мотиви за да се предизвикаат предвремени избори и да се преземе власта, а не да се најде решение. Граѓаните немаат време за политичко-партиски калкулации, потенцира Груби.

Груби напомена дека в петок ќе се отвори дебатата за уставните измени и кажа дека работат и со ВМРО-ДПМНЕ и со поединци во ВМРО-ДПМНЕ за да, како што посочи, и „тие станат дел од градењето на иднината за нашите граѓани“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на неговиот јапонски колега Јошимаса Хајаши.

Во пресрет на почнувањето на собраниската седница за уставните измени закажана за овој петок, министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил повикува „да не дозволиме да се дефокусираме и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации“.

-Не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани,  собраниската седница за уставни измени. Затоа, ве повикувам да не дозволиме да се дефокусираме сега, кога сме во финале, и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации. Моментот е сега!, напиша Османи.

Тој во објавата потенцира дека „со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите“.

null

СДСМ очекува сите пратеници во Собранието, вклучително и опозициските, да покажат одговорност, да се приклучат на проевропскиот блок, и да дадат поддршка за уставните измени, изјави вчера пратеничката Фаница Николоска.

– Во петок на осумнесети е закажана седницата со единствена точка на дневен ред а тоа е предлог за пристапување кон измени на Уставот, предлог доставен од страна на Владата. Очекувам сите 120 пратеници да се стават на висината на задачата, да ја сфатат одговорноста којашто сите ја имаме пред граѓаните. Ова на Мицкоски му е последната можност да се приклучи кон проевропскиот блок. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да покажат чуство на одговорност пред граѓаните затоа што наша обврска како политичари е да им обезбедиме сигурна иднина на граѓаните. Како што нашите предци овозможиле услови да живееме во слободна,самостојна и суверена држава, така и опозицијата да се приклучи и заеднички да создадеме просперитетна Македонија во која идните генерации ќе ја планираат иднината дома, рече Николоска одгооврајчи на новинарско прашање на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека партијата останува на претходните четири ставови околу изборите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на пленарната собраниска седница в петок посветена на уставните измени ќе ги повтори аргументите кои ги имаме, како што направивме на Комисијата за уставни прашања, и останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме, најави вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски.

Како што рече Мицески, уште на гласањето на дневниот ред ќе се види дали власта има мнозинство за донесување на уставните измени или не и ќе се согледа дали една година манипулираат со бројката за цензусот и за оние кои даваат поддршка на уставните измени.

-Пратеничката група останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме. Нашиот став е кажан и на Комисијата за уставни измени каде аргументирано кажавме дека власта турка процес кој не е поддржан од граѓаните. Истото ќе го повториме и на пленарната седница, рече Мицевски на прес-конференција по редовната координација на Коалицијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пред претстојната собраниската седница.

Оцени дека пленарната седница ќе биде добра можност целокупната јавност да се увери  дека власта, како што рече, лаже една цела година, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени.

-Тоа се случува секогаш кога народот ќе се потцени и кога личните интереси ќе ги стават пред тие на државата, рече Мицевски и додаде дека власта цела година купуваше време  и сега станува жртва на сопствените лаги.

Прашан дали ќе дебатираат на седницата, Мицевски рече дека аргументирано ќе објаснат исто како и на Комисијата за уставни прашања и додаде дека до него како координатор досега нема никакви притисоци, но има поддршка од граѓаните кои од него бараат да истраат во намерите.

Изрази надеж дека точката на дневен ред ќе биде ставена на гласање за целокупната јавност да види дека нема доволно мнозинство за усвојување на уставните измени.

Потпретседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е потпретседател на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021), вчера порача дека Република Северна Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската Унија.

За не повеќе од еден месец претседателот Стево Пендаровски оди во официјална посета на Софија каде ќе се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев, со цел двајцата шефови на држави да да

Повод за нејзиниот коментар, како што пренесува БГНЕС, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија. што е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што Скопје треба да го спроведе пред да започнат пристапните преговори со ЕУ.

Захариева ги повика, како што вели, „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“.

-Измена на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати, потенцира поранешната шефица на бугарската дипломатија.

Собранието в петок и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на државата. Токму вметнувањето на Бугарите во Уставот е потребно за земјава да ги продолжи европските интеграции и да се одржи втората меѓувладина седница и да продолжат пристапните преговори со ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK