Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по 14 месеци брак

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по нешто повеќе од една година брак.



Асгари поднел барање за развод во средата навечер, неколку часа по објавувањето на веста за нивната разделба.

Манекенот, кој се ожени со поп-ѕвездата во јуни 2022 година, во своето барање за развод наведува непомирливи разлики.

Според „ТМЗ“, кој прв ја објави веста, Асгари и Спирс имале жестока расправија во која тој ја обвинил пејачката за неверство. Асгари, наводно, се иселил од куќата.

„Јаху ентертејнмент“ се обрати до претставниците на Спирс, но не доби веднаш одговори.

Претходно и „Пипл“ потврди дека се наѕира крајот, цитирајќи извор кој откри: веќе долго време меѓу нив е многу токсично.

„Нивниот брак е проблематичен со месеци,“ тврди инсајдер близок до Спирс. „Постојано има драма. Тажно е, но сепак, разводот би бил поразувачки за Бритни.“

Во март, парот беше забележан без бурмите. Со месеци кружеа гласини дека бракот е во големи проблеми, но Спирс и Асгари покажаа обединетост кога беа забележани заедно во јавност. Тој објави посвета на Спирс – нарекувајќи ја „жената од моите соништа“ – во јуни на неговата Инстаграм-приказна за да ја одбележи нивната годишница.

Моделот, исто така, ја поддржа својата сопруга минатиот месец по фијаското со Виктор Вембањама – кога Спирс рече дека ја удрил еден од телохрнителите на НБА ѕвездата.

Сепак, и двајцата не беа толку сакани на социјалните мрежи во последните недели.

Ова ќе биде трет развод на Спирс, доколку документите официјално бидат поднесени. Во 2004 се венча со Џејсон Александар, нејзин пријател од детството, и беа во брак само 55 часа. 10 месеци подоцна Спирс се омажи со Кевин Федерлајн.

 

Спирс и Асгари го врзаа јазолот минатото лето. На венчавката присуствуваа голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Селена Гомез, Парис Хилтон, Мадона и Дру Баримор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK