Трансродовите жени добија забрана да се натпреваруваат на шаховски турнири

жени-шах-насловна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Светската шаховска федерација одлучи да ги исклучи трансродовите жени од натпревари.

„На транс-жените им е забрането да учествуваат на женски шаховски турнири до понатамошно известување,“ соопшти светската шаховска федерација, додавајќи дека за ‘транс-жените’ нема место во нивните најголеми натпреварувања.

Одлуката ќе биде детално анализирана, што би можело да потрае и до две години.

„Тајмс“ тврди дека оваа одлука е донесена поради стравување дека транс-жените имаат неправедна односно нефер предност.

Исто така, се наведува дека на ‘транс- мажите’ ќе им бидат одземени титулите доколку ги стекнале пред транзицијата.

„Укинатата женска титула може да се префрли на општа титула од исто или пониско ниво“, велат регулаторите.

„Ако играчот го променил полот од машки во женски, сите претходни титули остануваат во квалификација. Играчот може да го користи само објавениот рејтинг во моментот кога е сменета регистрацијата и сите последователни рејтинзи кога се пријавува за женски титули,“ додаваат тие.

Новата регулатива, која ќе стапи на сила на 21 август, налути многумина во шаховската заедница. Французинката Јоша Аглесијас, шаховски тренер која ја носи титулата ‘ФИДЕ мастер’ и се идентификува како транс-жена, се огласи на „Твитер“ и остро ја осуди новата промена на правилата.

„Може ли некој да ми каже што се квалификува како официјален настан на FIDE? праша таа. Ќе ми дозволат ли за три дена да се натпреварувам во француското првенство? На Европскиот клупски куп во септември?“, додаде таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK