Нема подолги задржувања на граничните премини

90302525_3782521755121967_7860745081823690752_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, од 16.08 до 19.08.2023 год, делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот, извести АМСМ.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK