(Видео) Сити по пенал-драмата до УЕФА Суперкупот, Гудељ трагичар за Севилја

F3rpIpoWYAAexLb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пеналите овојпат го посакаа Манчестер сити, откако во Атина по 1:1 по 90 минути, ги совладаа Севилја со 5:4 во пенал-пресметката за да го освојат Суперкупот на УЕФА.


До првиот трофеј во новата сезона, тимот на Пеп Гвардиола стигна со мака, откако слично загубија на пенали од Арсенал во Комјунити шилд мечот кој го одбележи стартот на новата англиска фудбалска сезона.

Севилја прва стигна до водство, кога во 25. минута, Јусеф Ен-Несири ја „натскока“ одбраната на Сити, и го совлада Едерсон. Сити потоа ја контролираа играта со над 60 отсто посед над топката. До израмнување, тимот на Пеп Гвардиола стигна во 63. минута преку младиот Кол Палмер по асистенција на Родри, но не успеаја да стигнат до втор гол и по 90 минути се прејде директно на изведување пенали.

Во пенал серијата, Ерлинг Халанд стартуваше со сигурен гол, а и Луис Окампос беше сигурен за 1:1. Хулијан Алварез за Сити и Рафа Мир за Севилја не им дадоа шанса на голманите за 2:2 во втората серија. Во третата серија, на ред беа Хрватите – Матео Ковачиќ за Сити и Иван Ракитиќ за Севилја, и тие беа без грешка, како и Џек Грилиш и Гонзало Монтиел во четвртата серија. Во последната серија, Кајл Вокер со малку среќа постигна гол, по што Немања Гудељ ја погоди пречката за титула на Манчестер сити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK