Хеликоптерите на МВР, Ми-171 и Бел 412, во тричасовна акција исфрлија над 35 тони вода и го изгаснаа пожарот кај Лозово

helikopter_mvr_3242332
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (16.08.2023), во реонот на Лозово и селото Каратманово настана пожар во кој гореше висока борова шума.

По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализираше пожарот кој беше затекнат во рана фаза.


Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода. Акцијата траеше неполни 3 часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK