Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес потпиша договор со Рома до 30. јуни 2025 година, соопшти римскиот клуб.
Паредес (29) беше член на Рома од 2014 до 2017 година.
Тој кариерата ја започна во Бока јуниорс, а потоа играше за Киево, Рома, Емполи, Зенит, Пари Сен Жермен, а минатата сезона ја мина на позајмица во Јувентус.
За аргентинската репрезентација одигра 54 натпревари, постигна пет гола и го освои Светското првенство во Катар минатата зима.
Леандро Паредес ќе го носи дресот со број 16 во Рома. Тој побара и доби дозвола од легендата на Рома, Даниеле Де Роси да ја носи 16. на својот грб.