„СДСМ како одговорна партија во континуитет и на дело покажува вистинска грижа за пензионерите. Заедно со пензионерите воведовме нова методологија на усогласување на пензиите, со што пензиите се зголемуваат на секои шест месеци, односно секој март и секој септември во годината“, соопшти Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.
„По новата методологија за периодот од јануари 2022 до септември 2023 година, пензиите ќе се зголемат за 26 отсто. Просечната пензија која во 2016 година изнесуваше 13.754 денари, денес изнесува 19.106 денари, што е зголемување за 40 отсто.
Со новата методологија, за само една и пол година ја зголемивме и минималната пензија, која претходно изнесуваше 9.000 денари, а денес е 12.500 денари, а веќе од септември ќе надмина 13.000 денари.
Во меѓувреме, Владата предводена од СДСМ им помагаше на пензионерите и во време на најголемата светска економска криза, преку дополнителна финансиска поддршка во најкритичните три месеци“, рече пратеничката на СДСМ.
„Пред неколку години, воведовме и категорија социјална пензија која ја добиваат наш сограѓани кои не ги исполнуваат условите за стекнување старосна пензија.
Сите мерки и решенија што ги предлагаме и носиме, ги реализираме низ инклузивен процес, заедно со пензионерите, со нивните здруженија и нивните претставници.
Затоа продолжуваме со дијалогот. Во тек е формирање на работна група која ќе биде составена од претставници од надлежното Министерство за труд и социјална политика, претставници од Владата и Сојузот на пензионери и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
Оваа работната група треба да предложи одржливи решенија во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови на пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите, без при тоа да се наруши стабилноста на пензискиот фонд.
Нашата грижа за граѓаните е постојана и таа е видлива и конкретна“, додаде Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.