(Видео) Ахмети и косовскиот министер за транспорт најавија пат меѓу Тетово и Призрен: „Средбата е на барање на Курти“

ahmeti1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференцијата во седиштето на партијата во Тетово, го поздрави министерот за транспорт на Косово и му се заблагодари за средбата која како што кажа е по барање на косовскиот премиер, Албин Курти за да се продолжи комуникацијата меѓу државите.


– Оваа соработка да продолжи во интерес на двете наши земји. Преку секоја соработка помеѓу земјите во регионот силно се инвестира во правец на мирот, стабилноста и сигурната иднина на нашиот регион кој пред помалку од 20 години бил во немир, конфликти и војни со тешки последици, рече Ахмети.

„Пристапот кој денеска го имаме е придобивка за сите наши земји, но да биде успешен овој ангажман, во рамките на оваа посета имавме посебно внимание кон изградбата на патот меѓу Тетово и призрен кој би бил од голема економска придобивка за двете земји, затоа што патиштата овозможуваат проток, кој овозможува погоема економија“, додаде тој.

Mеѓувладини екипи сериозно работат на ова прашање, да се заврши побрзо проектирањњто и да започне изградбата.

„Чекорите кои што треба да ги преземеме за патот кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, пат кој има голем придонес и влијание за двете наши земји. Ние сме во фазата за постигнување на финансиски договор за проектирање на заедничкиот тунел меѓу двете земји и потоа да пристапиме кон реализацијата“, рече министерот од Косово.

Овој проект ги поврзува освен Призрен и Тетово и националните паркови од двете страни на границата додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK