Официјално заврши изградбата на „Есенинова“ со која се поврзуваат општините Аеродром и Кисела Вода

t-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Завршена изградбата на улицата „Есенинова“, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода. Ова го соопштија од Град Скопје.


Новата улица ги поврзува булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска бригада“ и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.

– Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа. Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите, велат од Град Скопје.

Проектот за пробивање на улицата „Есенинова“ започна во време на претходниот градоначалник. Две години по доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска, улицата сега е официјално завршена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK