Руската противвоздушна одбрана рано утрово пресретна три украински беспилотни летала над регионот Калуга југозападно од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, објави Министерството на Телеграм.
Во последните неколку месеци има се повеќе украински напади на руска територија, а Киев предупредува дека ќе има уште, пишува Си-ен-ен.