(Видео) Русите погодија шведска фабрика во Украина, има мртви и повредени

F3jovP2XIAAeCcv.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица загинаа, а повеќе од десетина се повредени во фабриката на шведскиот производител СКФ, при ракетен напад врз градот Луцк во Украина, соопшти денеска компанијата.


„Синоќа имаше напад на градот Луцк во Украина, а во тој напад беше погодена нашата фабрика. Со голема тага потврдуваме дека тројца наши колеги се убиени“, изјави портпаролот на СКФ, Карл Бјорнстам, а пренесе „Ројтерс“.

Тој посочи дека компанијата ќе ги разгледа последиците од нападот и оштетувањето на фабриката и додаде дека примарен фокус е на вработените и нивната безбедност.

Околу 1.100 вработени работат за најголемиот светски производител на индустриски лежишта во Украина, повеќето од нив во фабриката во Луцк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK