Хилари Клинтон по новите обвиненија против Трамп: „Тажна сум, но не чувствувам никакво задоволство“

Hilari-Klinton-i-Donald-Tramp-s.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон го коментираше новото обвинение поднесено против Доналд Трамп, наведувајќи дека е многу тажна што поранешниот американски претседател се соочува со обвиненија кои ја ставаат под прашање американската демократија.


„Не чувствувам никакво задоволство. Чувствувам длабока тага бидејќи имаме поранешен претседател кој се соочува со толку многу обвинувања кои навлегуваат во суштината дали нашата демократија ќе опстане или не“ изјави Клинтон за американската телевизија MSNBC, пренесува New York Post.

Таа додаде дека никој не треба да биде задоволен бидејќи, според неа, ова е страшен момент за САД.

„Единствено задоволство може да биде фактот што системот функционира“, изјави Клинтон, која беше поразена од Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година.

Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да ја поништи неговата загуба од демократот Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година.

Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK