– Во второто тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3 254 746 илјади денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,4 отсто.
Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 2,1 процент, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 4,5 отсто.
Значително намалување е забелeжано кај млечните производи за 76,7 отсто, во полјоделството за 22,8 (особено кај житата) и кај овошјето за 38,2 процента, а кај останатите производи е забележано зголемување.