СДСМ: За 40% ја зголемивме просечната пензија за само шест години

sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од СДСМ соопштија дека преку ефикасни, одржливи мерки и решенија тие постојано  работат на унапредување на животниот стандард на сите граѓани, а особено на пензионерите.


„Ако во 2016 година, просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес таа во 2023 година изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. За постојан и навремен раст на пензиите, заедно со пензионерите донесевме нова методологија со која пензиите се зголемуваат на секои шест месеци. Со новата методлогија пензиите за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто, додека за истиот период минималмната пензија ја зголемивме од 9.000 на 12.500 денари“, велат од СДСМ.

Како што додаваат, покрај растот на пензииите, обезбедена е и дополнителна финансиска помош во најтешките месеци од светската економска криза, претходно обезбедена и социјална пензија за оние лица кои не ги исполнуваа условите за старосна пензија.

„Нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како СДСМ токму тоа им го овозможуваме и затоа продолжуваме со вистинска грижа на дело за нашите сограѓани“, посочија од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK