Истражување: Шеесет проценти од младите во Србија веруваат дека на земјата и треба авторитарен лидер

srbija_45345353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Речиси 60 отсто од младите во Србија сметаат дека на земјата и треба авторитарен лидер, што е највисок резултат во последните шест години, покажуваат податоците од истражувцањето спроведено од главната организацијата на младите на Србија (КОМС).

Во својот седми алтернативен извештај за положбата и потребите на младите во Србија  има поглавје „Вредности на младите“, каде што графикон покажува дека 60 отсто од младите веруваат дека на Србија и треба силен, авторитарен лидер, пишува Време.ком. Ова е највисок резултат во последните шест години. Сепак, тоа не отстапува драстично од резултатите измерени во претходните изданија на Алтернативниот извештај. Од друга страна, процентот на млади кои одговориле со „не“ е најмал досега – 26,4 проценти, додека „не знам“ одговориле 13,5 проценти.



Истражувањето покажува и дека младите мажи повеќе ја поддржуваат демократијата отколку младите жени, кои се понеопределени по ова прашање.

Младите од Белград повеќе ја поддржуваат демократијата отколку младите во останатиот дел на Србија.

Во истражувањето беше поставено и прашање поврзано со политичкиот систем на Србија – Дали Србија треба да биде монархија? Потврдно одговориле приближно 25 отсто од младите, што е за околу пет отсто повеќе од лани. За ова прашање постои статистички значајна разлика кога станува збор за полот, возраста и регионот на испитаниците. Младите мажи повеќе ја поддржуваат монархијата (31,1 отсто) од младите жени (18,2 отсто). Најголемо противење на монархијата (47,7 отсто) изразуваат младите на возраст од 25 до 30 години, а младите на возраст од 15 до 19 години покажуваат најмалку противење (37,5 отсто). Младите од Западна и Централна Србија ја поддржуваат монархијата значително повеќе од просекот (37 проценти).

КОМС е федерација на младински здруженија основана на 12 март 2011 година. Во моментов, во неговото членство се 111 организации (здруженија на млади и за млади). КОМС е највисокото независно претставничко тело за млади во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK