Македонските ракометарки поразени од Швајцарија на Европското кадетско првенство

makedonski rakometarki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската женска кадетска ракометна репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора, откако попладнево и на шестиот натпревар загуби од Швајцарија со 32-31 (15-14).

Во неизвесен натпревар во салата „Морача“ во Подгорица, ракометарките на Швајцарија подобро се снајдоа во драматичната завршница и со гол во последниот напад ѝ го нанесоа на македонската репрезентација шестиот пораз на ЕП.


Најефикасна во македонските редови беше Ива Младеновска со девет голови.

Својот последен натпревар на ЕП за ракометарки до 17 години македонската репрезентација ќе го одигра овој викенд, а за противник ќе го има победникот од денешниот дуел меѓу Португалија и Исланд.

Македонските ракометарки ќе се обидат да ја забележат првата победа и со тоа да избегнат пласман на последното, 16 место на ЕП во Црна Гора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK