„Кајмак“ ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал и на уште четири фестивали

kajmak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа.  „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот.

Покрај најновото дело на Манчевски, во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“.


„Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела.

Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Пред три години на овој фестивал, филмот  „Врба“ на Манчевски ја доби наградата Најдобар филм и беше претставен како „филм што нема да го заборавите“.

До крајот на август и почетокот на септември,  „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали: 36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа; „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина; i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, и во главната конкуренција на фестивалот „Балкан панорама“ во Измир, Турција.

Во јуни „Кајмак“, кој е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж,  премиерно беше прикажан во Копенхаген.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK