Американскиот државен секретар Антони Блинкен повика на мирно решение за пучот во Нигер, откако западноафриканскиот блок ЕКОВАС (ECOWAS) одобри воени сили „во готовност“.
„САД ја ценат решеноста на ЕКОВАС да ги истражи сите опции за мирно решавање на кризата“, наведе Блинкен во изјавата. Изјавата дојде откако Блинкен, обраќајќи им се на новинарите, ги поддржа напорите на ЕКОВАС без да ја спомене одлуката за потенцијална воена опција.
„ЕКОВАС, организација која ги обединува земјите од Западна Африка, игра клучна улога во разјаснувањето на императивот за враќање на уставниот поредок и ние силно го поддржуваме раководството на ЕКОВАС“, рече тој на прес-конференција заедно со неговиот мексикански колега. Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) им наложи на своите воени лидери „веднаш“ да состават интервентни сили за можно распоредување во Нигер, изјави синоќа шефот на групата, јави ДПА.
По самитот на шефовите на држави на ЕКОВАС во главниот град на Нигерија Абуџа, Омар Турај, претседател на Комисијата на ЕКОВАС, рече дека обновувањето на уставниот поредок е загрозено по воениот удар во Нигер. „Меѓународната заедница ги држи отворени „сите опции“, но приоритет беше да се оди напред со мирни средства“, додаде тој.