Коњите во ЗОО Скопје биле отруени

zooloshka skopje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров, извести Зоолошка градина Скопје на официјалниот Фејсбук профил.

Во статусот пишува дека официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека коњите се отруени со брзоделувачки отров.


Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Поднесена е и кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

ЗОО Скопје апелира до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK