Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје

kosharkari_makedonija_kadeti_4323423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Македонската кадетска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Европското првенство во А дивизијата, кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во осминафиналето од Словенија со 100-65.

Избраниците на селекторот Александар Јованчев немаа решение за словенечкиот напад и одбрана на осминафиналниот дуел во СРЦ „Кале“ што резултираше противникот да постигне дури 56 поени во првите две четвртини и да замине на пауза со предност од 28 поени.


Македонските кошаркари анулираа дел од негативата во третата четвртина која ја решија во своја корист со 22-15, но немаа сили за целосен резултатски пресврт.

Настапот на ЕП во А дивизијата македонската репрезентација ќе го продолжи во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место во обид да ги избегне последните три позиции кои носат преселба во пониската Б дивизија.

Словенија за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од дуелот меѓу Шпанија и Летонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK