Уапсените навивачи во Атина ќе одговараат за четири кривични и седум прекршочни дела

aek_43253534453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– За четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла и за криминална организација, кривично ќе се гонат уапсените 104 лица, од кои над 90 се хрватски државјани, за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина.

Во кривичните дела е вклучено и убиство, дело кое според грчките медиуми во оваа фаза од истрагата не се однесува на конкретно лице од уапсените, бидејќи убиецот сѐ уште не е идентификуван.


Како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, уапсените се товарат за: криминална организација, убиство со умисла, експлозија и поседување експлозивен материјал што се кривични дела, како и за нарушување на јавниот мир, нанесување опасна телесна повреда, оштетување на туѓ имот, насилство (прекршување на законот за спорт), нелегално поседување оружје и употреба на оружје, што се прекршочни дела.

Според АНА-МПА истрагата продолжува со проверка на одземените мобилни телефони на обвинетите, со анализа на генетскиот материјал и на видео снимките за да се открие сторителот на убиство, додека пак засега не е пронајдено оружјето, веројатно нож, со кое беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК.

Уапсените денеска беа изведени пред јавен обвинител и против нив беа покренати конкретните дела, а во текот на денот ќе бидат изнесени и пред истражен судија. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK