– Поради големите шумски пожари на Хаваи наредена е евакуација на населението, а затворени се училиштата во округот Мауи.
Спасувачите извлекоа 12 луѓе од океанот кои скокнале да се спасат од чадот и огнот во близина на градот Лахаина. Додека во градот поради пожарите повеќе патишта се затворен.
Противпожарните екипи на Мауи се борат со огнот концентриран во две области, популарната туристичка дестинација Западен Мауи и во планинската област.
Поради пожарите околу 13.000 домаќинства се без електрична енергија. Сè уште не е познато колку објекти изгореа во Мауи.