– Утре стартуваат контролни натпревари за ЕП 2023 на македонските одбојкари, информираа денеска од Јавното претпријатие ,,Јасмин” од Кавадарци.
– Со задоволство најавуваме дека на 10, 11, 12 и 13 август во спортска сала ,,Јасмин”, ќе се одиграат контролните натпревари, со почеток од 20 часот. На десетти август е натпреварот со Израел, а ден потоа со Јапонија. На 12 август се натпреваруваат Израел и Јапонија. На 13 август е повторно натпревар со Израел, соопштија од ,,Јасмин”.
Oд Одбојкарската федерација, вчера Информираа дека од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно, а Македонија ќе одигра три во четирите денови на овој контролен турнир.
Оттаму нагласија дека овие контролни средби ќе бидат значајни за македонскиот национален тим, да ја крева формата пред настапот на третиот континентален собир за нас – Европското првенство во Скопје, од 30 август до шести септември.