Душанка Горгиева – Трпевски назначена за в.д. директор на Општата болница во Кочани

dushanka_georgieva_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Кадровски промени се направени на раководната позиција во Општата болница со проширена дејност во Кочани, при што на местото в.д. директор е назначена м-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски, магистер по здравствен менаџмент и доктор специјалист по детска и превентивна стоматологија.

Решението за назначување на новата раководителка на јавната здравствена установа го потпиша министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, со што од денеска тоа влегува во сила.


Горгиева – Трпеевски има скоро 17-годишно работно искуство, од што 12 години како регионален менаџер во приватна компанија од областа на здравството, а од 2017 година е во редовен работен однос на Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општата болница во Кочани.

Таа е и член на актуелниот состав на Советот на Општина Кочани и претседателка на општинскиот Форум на жени на СДСМ – Кочани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK