На територија на СВР Битола во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 73 возачи за брзо возење.
– Од нив, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.
Оттаму, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.