Путин се очекува да ја посети Турција во последната недела од август, пишува „Хуриет“

putin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да ја посети Турција во последната недела од август, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“.

Дирекцијата за комуникации при турското претседателство по минатонеделниот телефонски разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Путин соопшти дека турскиот претседател се договорил со неговиот руски колега за скорешна негова посета на Турција. Два дена подоцна, Ердоган изјави дека датумот за посетата на Путин на Турција не е одреден, но таа може да биде во август.


Во написот на познатиот турски коментатор Абдулкадир Селви од весникот „Хуриет“ денеска пишува дека посетата на Путин на Турција се очекува да се случи во последната недела од овој месец.

По разговорите со Путин, Ердоган се очекува да замине во САД за да учествува на Генералното собрание на ОН (во септември). Во САД е планирана билатерална средба меѓу Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден.

Во написот на „Хуриет“ се наведува дека на дневен ред на разговорите меѓу Ердоган и Путин во Турција ќе се најдат голем број прашања, од кои главното ќе биде опцијата за обновување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа откако претходниот месец Москва го прекина нејзиното учество во договорот.

Ердоган и Путин се очекува да разговараат и за зајакнување на трговската размена меѓу Турција и Русија, како и за односите меѓу Турција, Азербејџан и Ерменија и опциите за отворање на коридорот Зангезур.

Меѓу темите за кои ќе разговараат двајцата лидери ќе биде и сириското прашање. Наскоро се очекува целосна нормализација на односите на Турција со Сирија, кои ќе бидат подигнати на ниво на шефови на држави, пишува Хуриет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK