Герасимовски: Започнува реконструкција на улицата „ Славејко Арсов“ во населбата Водно

opstina centar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, Општина Центар започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”.

-На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.


Во следниот период ќе започне реконструкција и на улицата ,,Столтенбергова”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK