Меси се искачи на шестото место по голови од слободен удар во историјата на фудбалот

mesi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси постигна гол од слободен удар утринава во осминафиналето на Лига купот против Далас (4:4, пенали 5:3).

Овој гол беше 64-ти за Аргентинецот од слободен удар. Тој се искачи на 6-то место по оваа статистичка категорија во историјата на фудбалот.


Напаѓачот на „Ал-Наср“ Кристијано Роналдо се наоѓа на 9. позиција на вечната листа. Португалецот на 18 март постигна гол од слободен удар на натпреварот со Абха во првенството на Саудиска Арабија.

Меси и Роналдо се единствените моментални играчи кои се рангирани во топ 10 за најмногу голови од слободен удар во историјата на фудбалот.

Топ десет изгледа вака:
1. Жунињо Пернамбукано – 76 голови
2. Пеле – 70
3. Виктор Легроталие – 66
4. Роналдињо – 66
5. Дејвид Бекам – 65
6. Лионел Меси – 64
7. Диего Марадона – 62
8. Зико – 62
9. Кристијано Роналдо, Роналд Куман и Рожерио Сени (голман) – 60
10. Марселињо Кариока – 59. зс/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK