Индискиот Парламент денеска го врати на пратеничката функција лидерот на опозициската Конгресна партија, Рахул Ганди, откако Врховниот суд ја суспендираше неговата пресуда за клевета, објави индиската влада.
Ганди, чиј татко, баба и прадедо беа премиери, беше осуден во март во случајот што го покрена пратеник од владејачката партија Бхаратија Јаната (БЈП) поради коментари во 2019 година кои беа оценети како навредливи за премиерот Нарендра Моди и други лица со исто име, вклучувајќи еден парламентарец. Потоа, за време на изборната кампања изјави дека „сите крадци се со презиме Моди“.
По пресудата, Ганди (53) го загуби местото во парламентот и беше осуден на две години затвор, но му беше одредена кауција.
Врховниот суд минатата недела ја суспендираше пресудата, дозволувајќи му на Ганди да се врати во парламентот и да учествува на општите избори следната година. Ганди побара да се укине пресудата, но неговото оспорување допрва треба да биде сослушано од пониска судска инстанца.
Претседателот на Конгресот, Маликарјун Карге, одлуката за негово враќање во парламентот ја нарече „чекор за добредојде“ и ја повика владата да се фокусира на „владеењето, а не на напаѓањето на демократијата со напади на опозициските лидери“.
Во последниве месеци, Ганди и помогна на неговата Конгресна партија да отвори разговори со другите опозициски партии за да ја поттикне идејата за голем сојуз за да ја предизвика БЈП на општи избори на кои БЈП е силно фаворизирана.
Еден од лидерите на Конгресната партија, Рахул Ганди е потомок на првата политичка династија во Индија. Тој е син на Раџив (и Соња) Ганди, внук на Индира Ганди и правнук на лидерот на независноста Џавахарлал Нехру, сите поранешни премиери. Тој не е поврзан со таткото на индиската независност, Махатма Ганди.