Божиновски: Тие се можеби тивко најдискриминраната група во општеството иако вел работен век го дале за истото

bozhinovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензионерите утре почнуваат протести за достоинствен живот.
Тие се можеби тивко најдискриминраната група во општеството иако вел работен век го дале за истото. Помнам овие кои денес се фалат со покачување на пензии како бараа на тие над 65 да им биде забрането да гласаат затоа што исто Груевски ги купувал со покачуања, како биле стари и само им ја ништеле иднината. Памтам и во короната како беа тие криви за редови пред банки кога подигнуваа пензии, никој друг освен тие не беа проблем. Има многу вакви примери.

Оние кои цел живот работеле и плаќале данок треба и мора да живеат достоинствено и без проблеми кога ќе се пензионираат. Пензиите се мали, а цените на храна, лекови и сметки не ги покриваат секогаш. Поддршка за пензионерите и се надевам дека и ние другите ќе научиме нешто од нив, а уште повеќе дека ќе изградиме систем кој ќе нуди достоинствен живот.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK