На местото наречено Шара денеска се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“.
Организатор беше културното здружение „Горна Река“.
На манифестацијата присуствуваше и претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
-Ми беше задоволство да учествувам на фантастичен празник со импресивна програма, каде што се изведуваат песни, традиционални игри и се негуваат албанските обичаи, како што е автентичната свадба на Горна Река. Жителите на оваа област се заминати по различни места, но, огромното мнозинство се во градот Гостивар. Задоволство е да ги имаме како сограѓани овие благородни и интелектуални луѓе, кои му дадоа придонес на нашиот град, но и на нацијата воопшто во културата, традицијата и храброста, истакнал Таравари пред присутните.