Песков: Русија сака контрола само врз територии кои се уставно нејзини

peskov_687688
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија сака да ги контролира само оние територии кои се уставно нејзини, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето на новинарот, кој го интервјуираше за Њујорк Тајмс, дали Русија сака да додаде уште украински територии, тој одговори негативно.


-Не. Ние само сакаме да ја контролираме територијата што е запишана во Уставот како наша, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Референдуми за приклучување кон Русија беа одржани во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во септември минатата година, кога мнозинството жители го поддржаа потегот.

На 30 септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на тие региони потпишаа договори за пристапување кон Русија, а на 4 октомври 2022 година Путин ги потпиша законите за ратификација на договорите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK