Холандија и Шведска изборија четвртфинале на женскиот фудбалски Мундијал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Репрезентациите на Шведска и на Холандија се пласираа во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство за фудбалерки што се одржува во Нов Зеланд и Австралија.

 



Ова е епилогот по денешните два осминафинални натпревара.

 

Најпрво во Сиднеј, Холандија ја совлада репрезентацијата на Јужна Африка со 2:0, а потоа Шведска на пенали ја елиминира селекцијата на САД која беше бранител на трофејот.

 

Во четвртфиналето противник на Швеѓанките ќе биде Јапонија, додека Холанѓанките ќе се соочат со репрезентативките на Шпанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK