Стефковски: Поминаа седум години од поплавите. Никогаш да не се повтори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди општина Гази Баба.

 



Во објавата Стефковски напиша:

 

Почитувани граѓани,

Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.

 

22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш.

 

Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе и разруши се.

 

Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош.

 

Како градоначалник на општина Гази Баба и денес по седум години од катастрофалните поплави изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.

 

Почитувани граѓани,

 

Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме.

 

Гази Баба се сеќава!

Никогаш да не се повтори!

Никогаш да не се заборави! – напиша Стефковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK