– Шампионот на АБА лигата, белградски Партизан е во преговори со плејмејкерот Ник Калатес, објави инсајдерот Лука Д’Алесандро.
Претходно беше објавено дека Фенербахче го информирал 34-годишниот Калатес за претстојниот раскин на договорот.
Денеска турскиот клуб информира дека договорил соработка со организаторот на играта Раул Нето.
Калатес помина една сезона во Фенербахче. Тој учествуваше на 39 натпревари во Евролигата 2022/23, со просек од осум поени, 4,9 асистенции и четири скока.